Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

СДСМ: 17.000 граѓани на Центар покажаа одлучност и се спротивставија на уништувањето на Скопје за лични и бизнис интереси

gtc-660x320

„Референдумот во општина Центар недвосмислено испраќа порака дека граѓаните се решени да се спротивстават на погрешните политики на Никола Груевски.

Огромно мнозинство, над 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, го дадоа својот глас за зачувување на автентичноста на ГТЦ.

Во услови на непрочистен Избирачки список, во којшто над 25% од граѓаните имаат различни адреси од оние на коишто се заведени, дури 17.000 граѓани на Центар покажаа одлучност и се спротивставија на уништувањето на Скопје за лични и бизнис интереси“. се вели во соопштението на СДСМ.

„Центар е општината во којашто Никола Груевски и неговите најблиски соработници ги направија најголемите прекршувања на изборните правила во последните неколку изборни циклуси, но и покрај тоа, не успеаја да го освојат Центар.

Идентично, и за време на референдумот Груевски и неговите соработници ги применија истите методи на притисок.

И покрај силниот притисок, граѓаните на Центар испратија силна порака до власта.

Јасно е, ниту притисокот, ниту молкот, ниту бојкотот на референдумот не можат да го спасат Никола Груевски од заминување од политичката сцена во Македонија“, велат од СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

ИЛИЕВСКИ : СКАНДАЛ ВО СОЗР, РОДНИНИ НА ТОМОВСКИ ДЕЛ ОД ТЕНДЕР ВРЕДЕН 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, На...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ