СДСМ : 100 МИЛИОНИ ЕВРА ПОДДРШКА ОД ЕУ, ПРЕГОВОРИТЕ НОСАТ ПРИДОБИВКИ

0
446

Почетокот на преговорите со Европската унија на државата и на граѓаните им носи конкретни придобивки.

Европската комисија даде предлог за макрофинансиска поддршка за економијата на Република Северна Македонија до 100 милиони евра за следните две години помош.

Спроведувањето на поддршката ќе се уреди со Меморандум за разбирање со ЕУ, кој се очекува да се фокусира на реформите во фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупција.

ЕУ пред само неколку дена додели грант од 53 милиони евра за три стратешки енергетски проекти, а во јули минатата година Брисел одобри 225 милиони евра за четири инвестициски проекти во државата.

За справување со економската и енергетската криза ЕУ лани обезбеди 80 милиони евра за Република Северна Македонија.

Со ова уште еднаш се докажува кој стои до нашата држава во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза.

Евроинтеграцијата носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните.