СДСМ ќе се консултира со „Протестирам“ за преговорите во Виена

0
565

СДСМ ќе се консултира со здружената опозиција и со претставници на граѓанските протести пред да одлучи дали ќе учествува на лидерската средба во Виена, тврди Дојче Веле.

На средбата се поканети лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА кои го потпишаа и Договорот од Пржино.

Од другите македонски политички партии засега нема реакција на оваа најава. Во опозицискиот СДСМ почнуваат широки консултации, а конечната одлука дали воопшто ќе се учествува на разговорите во Виена и со каква агенда ќе биде донесена деновиве, по консултации со политичките партнери и со невладините организации.