Соопштение на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека за десет години владеење, освен испорачани тендери, „дил-ориентед“ договори и големи провизии, не стори ништо околу заштитата од поплави. Немајќи ниту грам чувство за одговорност, од ДПМНЕ вината за катастрофата ја бараат насекаде, освен во нивните редови.
Зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку погодено од нашите предложени мерки за спречување на поплави во Скопје и Македонија?
Зошто толку ги боли што ние планираме да изградиме ефикасен систем за одбрана на Скопје од големи води, кој тие не го изградија, иако знаеја дека е Скопје град со голем ризик од поплави и поројни текови?
Зошто толку се погодени што ќе воведеме забрана за изградба на објекти во коритото на „Вардар“ и другите реки во Македонија? Па, токму тие дозволија „Галии“ и други пиратски градби кои го зголемуваат ризикот од поплави во Скопје. Токму тие дозволија да имаме „Гром“ хидрометеоролошки систем кој не ги предупредува граѓаните кога има громови и поплави.
Знаеме дека ги боли и тоа што се сликаа за денот на дрвото, а не ја пошумија Скопска Црна Гора која е соголенаод дрвокрадците под нивна заштита.Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да избега од одговорноста за жртвите од катастрофалната поплава и за огромните штети.
Кој е виновен што упати апел до граѓаните да не излегуваат од нивните поплавени домови и да останат во автомобилите кои ги однесе вода на обиколницата?
Кој е виновен што не ги спречи возилата да патуваат кон „обиколницата на смртта“?
Кој е виновен што се фрлаат 19 милиони евра за непотребно „Панорамско тркало на лудоста“ во Вардар, наместо да ги пренамени парите за да не ни се случи пак ваква катастрофа?
Виновен е Никола Груевски и неговите неспособни следбеници на чело со „гордиот послушник“ Коце Трајановски со прекарот „Коце Поплава“.
И за тоа ќе одговараат!
По промените, нема да има место за неодговорни носители на функции и нема да има место за сомнителни тендери и договори. Ние ќе направиме се да ги заштитиме Скопје и Македонија од катастрофални поплава, но и од катастрофални политичари кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните со нивната негрижа и неодговорност.