Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва соопшти листа на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори во октомври 2025 година.
По одржаната прес-конференција на Венко Филипче ништо ново и ништо значајно од име пред локалните избори освен информацијата за Струмица каде актуелниот градоначалник Костадин Костадинов, кој според одлуката на централата на СДСМ одлучија да го тргнат од трката за втор мандат на градот се одлучија за вечната сенка на Заев, Марјан Даскалоски.
Оваа одлука беше проследена со бурна реакција од страна на актуелниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов кој на својот фејсбук профил најави фронтална војна против својата матична партија со што во самата најава потенцираше формирање на интерно движење за битка против киднапираната партија од страна на Дубаи двоецот, Венко Филипче и Зоран Заев.
Актуелниот претседател на Советот на општина Струмица и претседател на ОО на СДСМ Струмица, Марјан Даскаловски е кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ на претстојните Локални избори, Даскаловски во СДСМ важи за сенка или пудлица на Заев.