СДСМ – Шилегов : Обвинителството потврди кривично дело од Груевски, а објавување материјали не може да спречи

0
651

Прецизно, кратко и јасно, две работи:

Прво,

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОТВРДИ ДЕКА ПОСТОИ КРИВИЧНО ДЕЛО ВО КОЕШТО Е ИНВОЛВИРАН ЛИЧНО НИКОЛА ГРУЕВСКИ. Обвинителството забрани натамошно емитување на снимките, тајно направени на тет а тет средба на Груевски со претседателот на СДСМ Заев.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=_a3Sq74oY5Q&feature=youtu.be[/youtube]

Јавното обвинителство може да побара забрана за емитување снимки само доколку се тие направени како дел од посебни истражни мерки.

Ако претседателот Заев бил следен и прислушуван затоа што имало изречено такви мерки против претседателот на СДСМ, тогаш како се случи снимките да му протечат на обвинителството во јавност?

Тоа значи дека или Груевски ги дал снимките сам, или некој му ги извадил на обвинителството од фиока.

Другата опција е дека немало изречено посебни истражни мерки против претседателот Заев. Тогаш претседателот на СДСМ бил незаконски сниман во кабинетот на Груевски.

И двете варијанти се кривично дело.

Затоа, Јавното обвинителство денеска е должно да каже дали покрена кривична постапка против Никола Груевски? Ако не покренало постапка, тогаш – зошто?

И второ,

Да биде јасно за сите. Забраната за којашто зборува Јавното обвинителство не се однесува на доказите со коишто располага Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коишто ќе бидат објавени пред јавноста во Македонија.

Забраната за којашто зборува Јавното обвинителство не се однесува на медиумите и новинарите кои ќе ги објават доказите коишто СДСМ ќе ги презентира.

Оттука, сметаме дека свесно конфузното соопштение на Јавното обвинителство, не е ништо друго освен јалов обид  да се спречи објавувањето на доказите и документите за криминалното владеење на Никола Груевски и неколкумина поединци околу него.

Законот за кривична постапка НЕ ЗАБРАНУВА ОБЈАВУВАЊЕ МАТЕРИЈАЛИ ШТО МОЖАТ ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ НА НАТАМОШНА ПОСТАПКА.

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ

Одговори на новинарски прашања на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов :

П1: Што ќе бидат објавени, кога?

Во текот на денешниот ден Социјалдемократскиот Сојуз закажа седница на Централниот одбор на СДСМ којашто ќе биде одржана во петок во 18:00 часот.

П2: Добро, а кога ќе ги објавите тие компромитирачки материјали и докази кои ги најавувате за Владата?

Мислам дека веќе ви одговорив, дека во текот на денешниот ден закажавме седница на Централен одбор. Социјалдемократскио Сојуз на Македонија е демократска партија којашто ги почитува законите на оваа држава, меѓутоа, пред сé, го почитува сопствениот статут. Согласно одредбите од статутот, посебни одлуки од посебно значење носи Централниот одбор на СДСМ.