Saturday, May 24, 2025
13.8 C
Skopje

СДСМ: Фашистичките изјави пред ДИК покажуваат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ посакува сценарио за судир меѓу граѓаните, за Груевски да си ја спаси сопствената кожа!

СДСМ порачува дека институциите на системот мора да се справат со говорот на омраза и со повиците за линч кон се што е демократско во Македонија.

„Синоќа бевме сведоци на фашистички изјави пред ДИК кои покажуваат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ посакува сценарио за судир меѓу граѓаните, за Груевски да си ја спаси сопствената кожа. Тоа нема да им помине. Граѓаните на Македонија не се ничие топовско место. Нема да подлегнат на провокациите. Ги повикуваме сите што гласаа за промени, но и на оние кои беа приморани својот глас да го дадат за режимот, да не подлегнуваат на провокации. Граѓаните да останат спокојни зашто режимот заминува, а државата и институциите ќе бидат целосно ослободени.

Му порачуваме на поразениот Никола Груевски веднаш да престане да ја носи Македонија кон граѓански судир. Нема да дозволиме мирот и безбедноста на земјата да бидат ставени во заложништво на Груевски и неговата фамилија затоа што се уплашени од одговорност за злосторствата што ги имаат направено“, се наведува во соопштението.

Процесот на пребројување и прегласување е важен дел од едни демократски избори поради што ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да врши притисок врз ДИК, а таа институција да остане доследна на законските процедури, велат од СДСМ и додаваат дека огромно мнозинство, преку 612.000 граѓани, гласаа за промени и никој не смее да си поигрува со волјата на овие граѓани.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ