СДСМ : УСПЕШНИ ЕНЕРГЕТСКИ ПОЛИТИКИ НА СДСМ, НЕМА РЕСТРИКЦИИ ИМА ИЗВОЗ НА СТРУЈА, МИЦКОСКИ МОЖЕ ДА УЧИ

0
428

Прес-конференција, Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, Владата предводена од СДСМ и надлежните институции преку ефикасен и одговорен пристап успеаја и во најпредизикувачката година за енергетика, да обезбедат стабилно и редовно снабдување со електрична енергија за сите корисници. Пропаднаа во вода сите лаги на Христијан Мицкоски кој со апокалиптични сценарија ги плашеше граѓаните. Наместо рестрикции како што велеше Мицкоски, низ целиот овој кризен период имаме непречно снабдување со електрична енергија. И не само што сите потреби стопроцентно се ообезбедуваат од домашно производство, туку во сред јануари извезуваме струја што значи и дополнителен девизен прилив.

Наместо колапс на енергетскиот сектор како што прогнозираше Мицкоски, за прв пат после подолг временски период сите капацитети се вклучени на мрежата, а РЕК Битола работи со сите три блока.
Ова беше незамисливо кога Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ, сега ЕСМ, кога увозот на скапа струја и испадите на енергетската мрежа беа секојдневие. Тогаш незамисливо беше и да се смета на електричната енергија од обновливи извори, затоа што нејзиниот удел беше незначителен. Денес, само од обновливи извори за помалку од една година инсталирани се 141 мегават електрична енергија, далеку повеќе отколку за целиот инвестиран капацитет во 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Издиша и лагата на Мицкоски дека граѓаните, компаниите, ќе плаќаат сериозно повисока цена на струјата. Напротив, цените не се зголемуваат, туку има и благо намалување на сметките за домаќинствата, а малите и средни компании, околу 72.000 добиваат за 20 отсто понииски сметки за струја. Повластена цена на електрична енергија е обезбедена и за производителите на основни продукти, за училиштата и здравствените установи. Сето ова е успех на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, покажавме како се работи одговорно и домаќински во енергетскиот сектор.