Tuesday, November 5, 2024
1.8 C
Skopje

СДСМ : ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ ЗГОЛЕМЕНИ – МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЦНЕТИ И НЕМА ДА ИМААТ ЕФЕКТ

Според податоците од Државниот завод за статистика, трошоците за живот на граѓаните во септември 2024 година се зголемени за 2.6 % во споредба со истиот период лани, додека цените на мало пораснале за 3.3 %. Ова е потврда дека поскапувањата ги оптоваруваат граѓаните, особено во делот на храна и дека мерките на владата на Мицкоски, на Дурмиши и ВМРО-ДПМНЕ се целосно задоцнети.

Владата не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот. Цената за тоа ја плаќа народот. СДСМ во неколку наврати алармираше дека власта чекаше предолго и дека мерките нема да имаа никаков ефект. Ако се види моментално состојбата во маркетите се потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи за да се одбегне намалувањето.

Актуелните економски политики на Мицкоски ДПМНЕ се погрешни и со нив стандардот на граѓаните ќе се намалува и понатаму. За СДСМ е неприфатливо граѓаните да го носат товарот на економските потешкотии, додека Владата презема мерки со задоцнување кои немаат никаков ефект. Време е за итна интервенција и нови мерки за конкретни резултати.

ОВАА НЕДЕЛА

ВУЧИЌ : ЈАС НЕ ГО ПРИНУДИВ ВЕСИЌ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, НО ТОЈ ПОКАЖА ОДГОВОРНОСТ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека министерот за градежништво,...

МЛАД ЧОВЕК ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ШТИПСКО, НА ТЕЛОТО ИМАЛ ПРОСТРЕЛНА РАНА

Во атарот на штипското село Пиперево попладнето е пронајдено...

АХМЕТИ : ЧЕТВРТ ВЕК ЗБОРУВАМ – АКО ЗАГУБАМ НА ИЗБОРИ, СИ ОДАМ ДОМА

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ