СДСМ: Трансферот на Котевски ја потврди партизираноста на МВР

0
490

Трансферот на Иво Котевски од помошник на министерот за внатрешни работи на челната позицијата во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди досегашната партизираност на МВР, реагира СДСМ.

„Министерството за внатрешни работи во изминатиот период функционираше како партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ, или како ‘МВРО-ВМРО’ по признанието на Гордана Јанкулоска. Причините за бегањето на Котевски од МВР пред доаѓањето на новиот министер за внатрешни работи, јавноста дополнително ќе ги дознае. Клучно за нормализирање на институциите во Македонија е сите оние кои ги прекршиле законите и биле вмешани во криминал, корупција и други недозволени активности да понесат одговорност“, се наведува во соопштението на СДСМ.