Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

СДСМ: Тодоров каде завршиле 5.000.000 денари од вакцините за „мутираниот“ грип?

СДСМ преку соопштение го повикува Никола Тодоров да каже каде завршиле 5.000.000 денари од вакцинитеза “мутираниот“ грип

Во партиското соопштението се вели:

„Никола Тодоров е должен веднаш да ви одговори зошто дозволил вакцина против грип што чини 171 денар, да ја плаќате 400 денари и тоа избрана со услов најниска цена! Порачуваме дека многу брзо ќе биде испитано каде завршиле 5.000.000 денари, или околу 90.000 евра пари на граѓаните од вакцинацијата против грип.

Тодоров лаже дека во исклучива надлежност на Центарот за јавно здравје во Битола била набавката на вакцини за 9 од 10 центри за јавно здравје низ земјава. Прво, еве документ во прилог од член од Законот за јавно здравје каде што е точно наведено дека за активностите на Институтот за јавно здравје, под чија надлежност се центрите за јавно здравје, СОГЛАСНОСТ дава министерот за здравство.

Второ, скандалозно би било да не е така и за една исклучително сериозна состојба, кога Македонија е прва во Европа по болни од грип, за граѓаните во Македонија, да биде оставено да се грижи еден центар. Трето, Никола Тодоров лаже и дека вакцините за грип за граѓаните биле набавени приватно!

Институтот за јавно здравје не е приватна институција. Во прилог е друг член од Законот за јавно здравје, каде што може да се види дека Институтот се финансира прво преку буџетски средства! Министерот за здравство во заминување Тодоров до последен ден продолжува да спроведува криминални политики во корист на фамилијата, на штета на егзистенцијата и здравјето на граѓаните.
Да не беше така, немало со години вакцината за грип власта да им ја наплаќа на граѓаните по 400 денари, со што се обидуваат да се оправдаат. Ниту пак Тодоров ќе ги загрижеше граѓаните со информација за наводен „мутиран вирус на грип“, за што нема информација од официјалните здравствени институции, само за да се оправда за несоодветната и ненавремена заштита на граѓаните.

Граѓаните затоа избраа промени и итно е потребно мнозинската волја на граѓаните да се преточи во институциите, што ќе работат исклучиво за нивните потреби.

ОВАА НЕДЕЛА

МАНАСИЕВСКИ: ВЛАДАТА НА СДС ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БЛОКАДИ КОН ЕУ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, СЕГА СЕ ДЕМАНТИРАНИ И ОД ЕУ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Димитар...

ФИЛИПЧЕ: ЗАСТОЈОТ НА ИНТЕГРАЦИИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА Е ГУБЕЊЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОДДРШКА ОД ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната Комисија за...

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ ГО ПАМЕТАМ ПО ИСКЛУЧИТЕЛНИОТ УМ, МУДРОСТ, ТОПЛИНА И ЕДНОСТАВНОСТ

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, изрази сочувство за смртта на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ