„Без срам Никола Тодоров и денеска ги потцени докторите и здравствените работници во Република Македонија. Тодоров го уништи здравството во Република Македонија, на штета на граѓаните и лекарите.
Со кое лице Никола Тодоров се појавува во јавноста? Никола Груевски и Никола Тодоров исклучиво се грижат за своите бизнис зделки и тендер политики, на штета на граѓаните.
Реалноста во здравството е многу поинаква. Таа е жална и болна.
Болниците се руинирани, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња,медицинскиот персонал е под постојани притисоци и закани.
Според релевантните меѓународни истражувања Македонија се наоѓа на последно место во Европа по здравствени услуги, а на прво место како држава во која најстресно се живее.
Македонија, според Еуростат е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа. Во земјава умираат 14 новороденчиња на 1.000 живородени.
Дури 200 лекари годишно заминуваат од земјава. Здравството е во огромни, милионски долгови коишто секојдневно се зголемуваат.
Нема пари за основни потреби. Пациентите сами си набавуваат лекови, медицинска опрема и помагала.
Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита. Тодоров и Груевски ги чека одговорност за криминалните политики што однесоа во смрт многу граѓани.
Казната ќе им биде испорачана на следните фер и демократски избори, кога народот ќе избере нова одговорна влада.
По демократските промени доаѓа вистинската грижа за пациентите и за граѓаните. Новата одговорна влада предводена од СДСМ ќе обезбеди квалитетно и достапно здравство за сите, бесплатно болничко лекување и ќе се грижи за здравјето и животот на граѓаните.
Дополнително, СДСМ ќе ги зголеми и платите на лекарите и здравствените работници“, се вели во соопштението на СДСМ.