СДСМ : СРАМНО Е ШТО ВМРО-ДПМНЕ БАРА ПОСКАП ЛЕБ

0
371

Срамно, ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на профитерите, против заштита на стандардот на граѓаните и јавно бара поскап леб за граѓаните, велат од СДСМ.
„Според јавните изјави, ВМРО ДПМНЕ смета дека граѓаните треба да плаќаат поскап леб, дека цената на лебот не треба да биде замрзната.

Тие сметаат дека цената на лебот не треба да биде замрзната на 33 денари и дека е оправдано некој да профитира на грбот на народот. Наместо да застанат зад интересите на граѓаните, во време на глобална криза, ВМРО-ДПМНЕ под заложништво на Левица застанаа зад профитерите“, соопштија од СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е истата онаа партија којашто 11 години ги осиромашуваше граѓаните, додаваат од СДСМ, оценувајќи додека поединци се богатеа на сметка на народот.