СДСМ СО ОСУДА КОН ФБ СТАТУСИТЕ НА ТРИЧКОВСКИ: Партијата го осудува говорот на омраза и антисемитизмот за кои постои одговорност пред законите

0
509

СДСМ го осудува говорот на омраза и антисемитизмот за кои постои одговорност пред законите 

П: Дали нешто како партија ќе преземете во врска со статусот на Тричковски за Мизрахи?

Како одговорна политичка опција во државата, СДСМ најостро го осудува ширењето на говор на омраза, го осудува антисемитизмот. Би сакал да кажам дека човекот нема никаква поврзаност со СДСМ и ја користам оваа прилика да апелирам до надлежните институции да го отворат случајот и да го истражат и да има соодветна одговорност согласно законите на Република Северна Македонија.

Нашата држава е демократска земја, нашето општество е демократско и секако такви испади се недозволиви.