Saturday, December 14, 2024
1.8 C
Skopje

СДСМ: Сокриен надвор од државата, Груевски со лудачката еврообврзница од 650 милиони евра и задава уште еден удар на Македонија

Со евентуалното издавање на еврообврзница од лудачки 650 милиони евра, Груевски само во рок од 8 месеци ќе ги задолжи граѓаните, само на странскиот пазар, за 920 милиони евра, реагира опозициската СДСМ.

„Доколку оваа Еврообврзница се издаде јавниот долг во еден ден ќе скокне на вртоглави 54% од БДП! Тоа е финансиско, економско злосторство врз граѓаните и идните генерации, надвор од паметот и разумот. Министерот Миноски очигледно решил да биде камиказа кој е подготвен да ја разнесе економијата и стандардот на граѓаните по наредба на својот господар Груевски. Криминалната власт во заминување, којашто чека соочување со одговорноста, очигледно прави последни напори да се осигура дека до нејзиниот скорешен крај никој нема да и смета во полнењето на приватните џебови“, стои во реакцијата на социјалдемократите.

Од таму велат дека е загубена можноста да се користат евтини кредити од ММФ, или да го извлече максимумот од неповратните средства преку ИПА програмите, што сметаат е во корист на граѓаните на Република Македонија.

„Екстремно високата цена допрва ќе треба да ја плаќаат сите граѓани на Република Македонија. Факт е дека само 6 дена откако Ставревски го напуштил бродот што тоне, Груевски ја внел целата Влада, а пред се Миновски, во криминална одлука. Одлуката за Еврообврзница е криминална во мометот на изгласување бидејќи ребалансот со кој се планира зголемување на сумата на странски задолжувања не беше ни предложен до Собранието“, велат опозиционерите.

Според СДСМ, одлуката ќе биде незаконска и по изгласувањето на ребалансот на буџетот бидејќи, велат тие, сумата од 650 милиони евра ја надминува ставката за странски задолжувања и со предлогот на ребалансот.

„На новиот министер Миноски, сите членови на владата и потенцијалните кредитори ги предупредуваме дека на сила се промените во Законот за Влада (Сл. Весник број 196/15) направени согласно Договорот од Пржино. Ова значи дека оваа Еврообврзница, која Владата од петни жили се обидува да ја протурка пред да замине од власт, мора да ја има истата процедура за издавање како и претходната Еврообврзница од минатата година. Во спротивно таа ќе биде незаконска и неможе да се третира како јавен долг на Р. Македонија. За секое непочитување на јасно поставените и во сила законски одредби, инволвираните сигурно ќе одговараат“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ПЕТРУШЕВСКИ : АРТАН ГРУБИ И СДС ПРАВЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДСТВОТО. СЕ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ ПО ДИКТАТ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Артан...

КУРТИ ОД ЗАГРЕБ : СРБИЈА НЕ Е ДЕМОКРАТСКА, ТУКУ ПАРАВОЕНА ДРЖАВА

Повтори дека Србија стои зад нападот на каналот Ибар-Лепенац....

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ