СДСМ : СЛАБ МИТИНГ НА ДПМНЕ И СИЛЈАНОВСКА, ГРАЃАНИТЕ НЕ САКААТ ИЗОЛАЦИЈА ТУКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

0
113

Слаб митинг на ДПМНЕ за Гордана Силјановска, опозициската партија не успеа ниту своите членови да ги собере во поголем број.

Слабиот митинг покажува дека граѓаните не сакаат изолација, блокади и враќање назад, туку сакаат членство во ЕУ.

Малата посетеност потврди дека Силјановска ја нема поддршката од граѓаните, што беше јасно уште кога ДПМНЕ не успеа да собере доволно валидни потписи за својата кандидатка.

Граѓаните знаат дека Силјановска е само продолжена рака на ДПМНЕ, реприза на Ѓорѓе Иванов.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

Граѓаните не сакаат изолација, туку членство во ЕУ.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.