СДСМ: Се распаѓа криминално-кумашинскиот бетон на фамилијата

0
1115

„Јалови се обидите на медиумските курури со лаги да го сокријат секој нов пораз на Никола Груевски и неговата криминална банда.

Оставката на кумот Зоран Ставрески покажа дека се распаѓа криминално-кумашинскиот бетон на фамилијата.

Еден од клучните играчи на режимот го напушти бродот што тоне. Крајот на режимот е блиску.

Попусто медиумските курири шират невистини, поразите на Никола Груевски и бегањето на ВМРО-ДПМНЕ од слободни, фер, демократски и регуларни избори не можат да се сокријат.

Последната надеж за спас на Никола Груевски, криминалната аболиција од Ѓорге Иванов пропадна. Следува одговороност за криминалот.

Корупцијата и криминалот на власта, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак.

Според официјалните документи од Централниот регистар, фирмата што се јавува како сопственик на Курир за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра.

Токму затоа, медиумските курири вистински платеници коишто засилено шират невистини за да ја прикријат вистината, која е болна за оваа криминална власт.

Но, ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност. Најмалку лагите на медиумските курири.

Правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара“, порачуваат од СДСМ.