Saturday, November 9, 2024
-2.2 C
Skopje

СДСМ, сепак, ќе го одржи протестот в недела!

Најавениот протест на СДСМ, сепак, ќе се одржи в недела, најверојатно во 14 часот, објави Мета, чии извори оставаат можност раководството на партијата да ја промени одлука за времето на одржување на протестот.

sdsm-marsh-ohrid

Како што дознава Мета, синоќа се одржал состанок на Советот на партијата, во кој членуваат основачите на СДСМ, како и седница на Градската организација на партијата.

И во двете тела мнозинството одлучило протестот да се одржи, иако имало и поинакви мислења, од тоа тој да се одложи, до мислење да се промени целата стратегија. Било, исто така, одлучено и „бомбите“ да продолжат, но со динамика која ќе ја одреди раководството на партијата.

Денеска, пак, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, треба да се сретне со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Еден од основачите на партијата, Ѓунер Исмаил, кој бил на состанокот на Советот, ни изјави дека одлуката да се одржи протестот е донесена, а сè уште се размислува за идната стратегија.

– Се разгледуваа сите аспекти, дали да се одржи или не. Одлучено е да се одржи протестот, а за часот остана да размисли потесното раководство. За понатамошната динамика, пак, ќе се разговара во иднина, изјави Исмаил.

И Софија Куновска, претседателка на Градската организација на СДСМ, потврди дека мнозинството одлучило, сепак, протестот да се одржи, иако ниту негираше, ниту потврди, дека за почеток е одлучено да биде 14 часот.

– Се договараа деталите за митингот. За точно како ќе биде сценариото ќе се знае пред протестот, затоа што не сакаме сè да ѝ откриеме на власта, рече Куновска.

Извор: Мета

ОВАА НЕДЕЛА

ТЕТИН ОД ПРИЛЕП ЈА ДОПИРАЛ ПО ТЕЛОТО МАЛОЛЕТНАТА ВНУКА ОД БИТОЛА

МВР информира дека рано утринава, два часа по полноќ...

ШОКАНТНО : ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА НА ТРОЈЦА МАЖИ ПОКРАЈ РЕКАТА ВАРДАР

Во Скопје вчера беа пронајдени тела на тројца мажи...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ