СДСМ СЕКОГАШ ГО НУДИ НАЈДОБРОТО – КОЈ Е ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ?! МАГИСТЕР ПО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ СО ИСКУСТВО ВО МЕНАЏМЕНТ НА МЕЃУНАРОДНИ ПРОЕКТИ

0
235

Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначачник на Општина Центар, е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Високото образование го стекнал како дипломиран социолог. Почнувајќи од 2017 година, веќе три години е заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост, по што ја презема функцијата на директор на истата институција.

Драгоцено менаџерско искуство

Неговата работа придонесува за видливо унапредување на услугите кои ги нуди ДЗИС и градење нови партнерства кои отвораат нови можности за корисниците. За само една година раководење со оваа институција, регистрирано е покачување на процентот за заштита на трговски марки за 31%.

Герасимовски има богато работно искуство во приватниот сектор. Од 2009 до 2017 година, тој работи во компанија за испитување на јавно мислење како проектен менаџер на почетокот, а потоа и како директор за човекови ресурси и организација на проекти. Од оваа позиција, Герасимовски е одговорен за целосна реализација на проекти за потребите на повеќе меѓународни организации.

Меѓу другото, има спроведувано и бројни истражувања на јавното мислење анализи во рамки на државата, но и во регионот, како во Србија и во Хрватска.

Горан Герасимовски е во СДСМ од својата 18-та година, ја знае секоја педа во Центар

Герасимовски има големо искуство во менаџирање и раководење на големи тимови, кои на некои проекти броеле и до 150 луѓе. Тука се неговите почетоци како менаџер на тимови, кои понатаму се проследени од успеси во директорската позиција. Оттаму, самиот вели дека ова искуство е многу значајно за раководење со институција како што е општина Центар.

Герасимовски има големо политичко искуство особено на локално ниво во општина Центар. Тој во СДСМ е член од свои 18 години, а претседател на општинската организација на партијата веќе четири. За себе ќе каже дека ја познава секоја педа од општината и точно знае кои се проблемите на граѓаните за што подготвува соодветни програмски решенија.

Секое утро на Водно

Во приватниот живот, Герасимовски е во брак и има две деца. Љубител е на активностите во природа од каде често споделува фотографии а речиси секое утре се искачува на Водно.

Тој исто така е еден од ретките политичари кои постојано на работа оди со велосипед.