СДСМ: РЕК Битола повторно ќе биде столб на енергетскиот систем во Македонија

0
368

Македонија мора да биде држава којашто сама ќе ги обезбедува електроенергетските потреби на граѓаните и стопанството, а СДСМ има план како да се постигне тоа.

За планот што ќе го врати животот во МАкедонија претстатвници на Комисијата за енергетика на СДСМ разговараа со граѓани на Битола и вработени во РЕК Битола.

,,Имаме план како РЕК Битола да ја зголеми продуктивноста преку сопствена високо продуктивна механизација којашто ќе врши квалитетен ископ на јагленот со што ќе се обезбеди работа за сите вработени а и ќе се отвараат нови работни места. Милиони евра пари на граѓаните повеќе нема да завршуваат сомнително во фирми блиски до власта кои во моментов се ангажирани околу механизацијата. И подинските јагленови серии ќе се отворат и ќе има јаглен за нормална работа на ТЕЦ Битола.“ рече претседателот на Комисијата за енергетика, Митко Андреевски.

Тој истакна дека РЕК Битола повторно ќе биде столб на електро-енергетскиот систем во Р.Македонија како што заслужува нашиот најголем енергетски гигант од којшто зависи најголем дел на домашното производство на електричната енергија.

,,Пред точно 34 години на овој ден беше пуштен во погон првиот блок на РЕК Битола. Денеска на овој значаен јубилеј ветувам пред вас кои макторпно работите во РЕК, ќе има нормални услови за работa, бесплатен превоз и оброк, и високо заштитна опрема уште во првите 6 месеци!“ рече Андреевски.

Новата одговорна Влада на СДСМ посветено ќе работи на покренување на домашните електро-енергетски капацитети за да се зголеми домашното производство на електрична енергија и за да се намали цената на електричната енергија којашто ја плаќаат граѓаните, порачаа претставниците ма Комисијата за енергетика на СДСМ пред прагаѓаните во Битола.