СДСМ: Продолжува партизацијата на Јавното обвинителство

0
1192

Изборот на партиските кадри Анита Топалова-Исајловска и Џелал Бајрами за обвинители е уште една потврда за партизацијата на Јавното обвинителство.

Топалова-Исајловска, избрана за заменичка на Зврлевски е сопруга на заменик министерот за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски.

Џелал Бајрами, поранешен министер од ДУИ, нема ниту еден ден искуство како обвинител а треба да ја надгледува и да ја оценува работатата на сите обвинители.

Ете како ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги инсталираат своите партиски послушници во правосудството на сметка на вистинските професионалци и на штета на правото.

Наместо професинално, непристрасно и во интерес на граѓаните, Јавното обвинителство, со Зврлевски на чело, продолжува да функционира како партиска продолжена рака во заштита на криминалот на власта.

Неопходно е Судот и Јавното овинителството да работат согласно правото и законот.

Ги охрабруваме чесните професионалци во Републичкото и Вишото и основните јавни обвинителства својата работа да ја темелат исклучиво на Закон и законитост.

Служењето на криминалните интереси на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повлекува законска одговорност.