Monday, March 24, 2025
12.8 C
Skopje

СДСМ Прилеп со осуда за вандалскиот чин и бара да се најдат сторителите кои го запалија возилото на Пирганоски

veleski-pirganoski

Во раните утрински часови опожарено e возилото на поранешниот градоначалник на Прилеп, Сашо Пирганоски, од редовите на СДСМ. ОО СДСМ Прилеп најостро го осудува овој вандалски чин и целосно застанува во заштита на нашиот истакнат партиски член и единствен градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ, рече на денешната прес конференција претседателот на О.О. СДСМ од Прилеп, Сашо Велески.

Професионалците во полициската станица во Прилеп, се должни во најскоро време да ги пронајдат организаторите и сторителите на овој вандалски чин!

Очекуваме брза разрешница на овој случај, да не се дозволи ова да остане уште еден од низата нерасветлени случаи со запалени возила во Прилеп, и дали истиот има политичка позадина.

Сé позачестените проблеми со мирот и безбедноста на граѓаните на Прилеп, на површина ги вадат сите технички и кадровски проблеми со коишто се соочува полицијата.

Според информациите, командирот на полициската станица во Прилеп моментално е во оставка. Но, граѓаните никој не ги информира од кои причини?

Во моментов прилепската полиција ги има најлошите резултати, на ниво на Македонија, во справување со случаи поврзани со криминал и безбедност.

Дали причината за тоа е што најголемиот дел од раководниот кадар во прилепската полиција е поставен без соодветно образование за позицијата и работното место?

Ги повикуваме градоначалникот, Марјан Ристески, и претседателот на Совет на општина Прилеп, Никола Димески, да престанат да бидат соучесници во партизирањето и уништувањето на професионалноста на полицијата, на штета на нашите сограѓани.

Веднаш да се заложат, за командир на прилепската полиција да биде поставен чесен професионалец, кој ќе ги врати угледот и достоинството на вработените во МВР, како и загубената доверба кај граѓаните.

Мора да се создадат соодветни услови за нормално, непречено и професионално функционирање на полицијата во Прилеп. Граѓаните на општина Прилеп, без разлика на партиската, верска и друга определба, мора да бидат подеднакво заштитени од полицијата и сите безбедно да се чувствуваат!

ОВАА НЕДЕЛА

САША БОГДАНОВИЌ : НЕ ПОЧЕКАА НИ СЕДУМ ДЕНА ЖАЛОСТ, ОВА Е „ПУМПАЊЕ“ СИТНИ ПОЕНИ

Поранешниот градоначалник на скопската општина Центар за правењето „пленуми“. Жално...

ДИРЕКТОРОТ НА ФУДБАЛСКАТА А-РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДАНЧО МАСЕВ ЗАВРШИЛ ВО ПРИТВОР – СЕ ПОВРЗУВА СО ШТЕКЛИ

Поранешниот фудбалер и македонски репрезенттивец Данчо Масев, кој пред...

ПРЕГАЗЕНИ ЖЕНА И ДЕТЕ НА ВЕЛОСИПЕД НА ПЕШАЧКИ НА ПАРТИЗАНСКА

Попладнево се случи нова сообраќајка во Скопје. Според првичните...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ