Креирањето насилство, конфликти и нетрпеливост помеѓу граѓаните беа одлика на 12 годишниот криминален режим на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
За разлика од таквите насилни политики од кои ВМРО-ДПМНЕ никако да се оттргне, СДСМ промовира соживот, правда и концепт на еднакво општество, во кое сите граѓани ќе се чувствуваат рамноправни и заштитени.
Во тој контекст ги повикуваме институциите да го расчистат случајот со палењето на викендицата на координаторот ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, за коешто денес ја извести јавноста.
Наместо да го вперува прстот во СДСМ, надевајќи се дека ќе заработи ситни дневно политички поени, нека погледне во сопствените редови и нека расчисти со внатрепартиските натпревари за позиции.
Методите на закани, притисок, уцени, закани по безбедноста на граѓаните и нивниот имот, никогаш не биле поддржани од СДСМ и нашите членови. Таквите методи останаа запамтени во колективната мерморија на граѓаните како симбол на деструктивното, криминално и корумпирано владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 12 години.
Граѓаните го надминаа и го поразија таквиот насилен концепт. Но, за жал новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ не успева да го надмине таквиот менталитет и продолжува да организира насилни протести, злоупотребувајќи го сопственото членство во протести на кои се шири омраза, раздор и поделба помеѓу граѓаните.
Се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира и не ги отфрли политиките на поделби и конфликти, освен деструктивна, не може да биде демократска алтернатива за Македонија.