СДСМ ПРИЛЕП: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВАНОСКИ И СДСМ ЗА 3 ГОДИНИ НАПРАВИЈА ПОВЕЌЕ ЗА ПРИЛЕП, ОТКОЛКУ ВМРО-ДПМНЕ ЗА 3 МАНДАТИ

0
308

Реакција на ОО СДСМ Прилеп, на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски и СДСМ, за 3 години изгради и направи многу повеќе за Прилеп, отколку ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното 12 годишно владеење.

Со чесен и одговорен пристап, дури и во услови на економска и здравствена криза предизвикани од вирусот Ковид-19, Јованоски и СДСМ реализираа серија на капитални проекти од интерес на граѓаните на Прилеп.

Градскиот стадион „Гоце Делчев“, којшто ексградоначалникот Ристески и ВМРО-ДПМНЕ го оставија во руинирана состојба, денес е целосно реконструиран, со покриена северна трибина, со нов тревник, со рефлектори за ноќни утакмици и имаме современа фудбалска арена каква што доликува на најфудбалскиот град во државата.

Целосно е реконструиран и градскиот булевар „Гоце Делчев“, кој претставува нова гордост на градот и со кој централното градско подрачје доби целосно нов лик.

Наместо мовче, како што го нарекуваа од ВМРО-ДПМНЕ, на градската река се изгради импозантен армирано-бетонски мост, каков што не е изграден во Прилеп во изминатите 50 години.

Не постои населба во градот и населено место во општина Прилеп, каде не е асфалтирана и реконструирана дел од постојната и изградена нова патна, водоводната и канализационата инфраструктура.

Она што е насушна потреба на граѓаните, а беше мисловна именка за власта на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е изградба на нова детска градинка, денес е реалност. Во населбата Точила, во моментот се гради една од најубавите детски градинки во државата, современ еколошки објект, со капацитет за згрижување на 252 деца.

Во моментот се гради и новата спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, каде благодарение на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ, часовите по физичко и здравствено образование се одвиваа во импровизирана училница.

Во изградба е и новиот спортско-рекреативен комплекс кај Прилепското езеро, што е уште едно исполнување на дадениот збор пред граѓаните.

Подобрени се условите за настава во сите основни и средни училишта во општината, каде е поставена нова дограма, изградени се нови тоалети, реконструирани се многу училници.

И додека ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во криминалната матрица, заради што ќе им следи уште еден тежок пораз на следните локални избори, СДСМ и градоначалникот Јованоски со силно темпо продолжуваат да работат за интересите на граѓаните и ја движат општината напред.