СДСМ ПРЕКУ СООПШТЕНИЕ СЕ ЗАЕБАВА СО ХИДРО ЛОПОВОТ : Кој е Христијан Мицкоски да им кажува на граѓаните што да прават? Владата предводена од СДСМ вложува во квалитетен образовен систем

0
1044

Кој е Христијан Мицкоски да им кажува на граѓаните што да прават?

Човекот што академската кариера ја започнал кај неговиот татко и којшто е на чело на пратијата која го уништи образовниот систем, нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во образованието.

Со погрешните политики, со експериментирањето со наставните програми, ВМРО-ДПМНЕ го доведе образованието пред колапс, го погази достоинството на наставниот кадар и учениците.

Наспроти таквите погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование спроведуваат суштински реформи кои обезбедуваат модерен и квалитетен образовен систем и унапредување на условите за работа и учење на наставниците и учениците.

За само една година зголемени се средствата за ученички и студентски стандард, платата на просветните работници се покачува за 5 отсто веќе од идниот месец, реконструирани се 13 основни училишта низ цела Македонија, а дополнително во градот Скопје и во другите општини се обновуваат и средните училишта, кои беа заборавени во изминатите 11 години.

Реформите во образованието се движат во добар правец, а тоа дополнително ќе се интензивира по започнување на преговорите и по членството во ЕУ.

Затоа, наместо да шири лицемерна загриженост, Мицкоски да го поддржи процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, да го повика членството да излезе на референдум и да заокружи ЗА влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.

 

Скопје, 03.09.2018                                        ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

                                                          СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА