СДСМ ПРАШУВА: ОД КАДЕ МУ НА ДУРЛОВСКИ ПАРИ ЗА 15 ХЕКТАРИ ЗЕМЈА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, ТОА ЛИ СЕ ДЕЛ ОД ТИЕ 200 000 ШТО ГИ ПОДЕЛИЛЕ СО БЕТМЕН И ДАМОВСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ?!

0
1042

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ. 

Почитувана јавност,
Еден од водачите на протестите За заедничка Македонија и упадот во Собранието, а денес носител на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дуроловски, својот наводен патриотизам го покажува со купување на хектари македонска земја.
Овде, во Свети Николе, Дурловски заедно со уште пет други лица купиле 12 хектари земјиште. 
120.000 квадратни метри земјиште купил фејк патриотот Дурловски заедно со уште 5 други лица.
Неодамна во јавноста излегоа информации дека Дурловски заедно со водачите на протестите и крвавиот четврток добиле 200.000 евра за своите активности.
Дали со парите за напад врз пратеници и новинари, денес лажниот патриот Дурловски купува десетици илјади квадрати македонска земја?
Дали со парите за крвавиот четврток, денес Дурловски станува земјопоседник?
Додека глумат загриженост за граѓаните, функционери на ВМРО-ДПМНЕ купуваат хектари земјиште низ државата. Класично лицемерие на фејкњуз партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Почитувани,
Уште еднаш се потврдува дека и Дурловски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ мислат само на свои, лични и бизнис интереси и воопшто не се грижат за граѓаните и државата.
Таквото нивно незрело, неодговорно и несериозно однесување уште еднаш ќе биде казнето од граѓаните.