СДСМ : Потона уште една лага на лажговците од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е единствениот кој е на браникот на криминалот

0
761

Бадијала ВМРО-ДПМНЕ клевети и конструира непостоечки случаи, фабрикува и пласира лажни вести, денеска е потопена уште една лага од белиот дворец, нарачана директно од хистеричниот Мицкоски.

Лично судијата на претходна постапка во случајот во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ јавно изјави дека воопшто никој го нема контактирано за да му влијае во носењето на одлуките. Пропадна во вода очајниот обид на ДПМНЕ да го поврзат претседателот на СДСМ, Зоран Заев со случајот, тоа е ноторна лага.

Денешниот случај каде ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат се живи фатени во лаги, е уште еден показател дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со право се нотирани како главен извор на лаги и дезинформации во студија на Европската унија.

Лажни вести, дезинформации, клевети и конструирани случаи, тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го нудат на граѓаните и со таква понуда уште долго ќе останат во опозиција. 

Фабрикуваните лаги на ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокријат фактот дека Христијан Мицкоски е единствениот кој е на браникот на криминалот и тоа по негово сопствено признание.