СДСМ: Поради милионските приходи, медиумските курири го бранат криминалот на бандата на Груевски

0
441

„Паниката што владее во ВМРО-ДПМНЕ се пренесува и кај медиумските курири, платени со пари на граѓаните. Хистерично шират лаги во страв од вистината, во страв од враќањето на правдата.

Лагите на медиумските курири нема да му помогнат на Никола Груевски. Македонија ја враќа правната држава, секој што го прекршил законот мора одговара.

Затоа граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата. Се плашат од вистината дека Македонија се крена против Никола Груевски и криминалната банда.

Уште еднаш се потврди дека во медимскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се трите главни провладини мегафони, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

На Македонија и се неопходни демократски промени коишто ќе се случат на слободни, фер и регуларни избори, со прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата“, соопштуваат од СДСМ.