СДСМ : Полна му беше устата на Мицкоски со наводна грижа за здравјето на граѓаните, а со сите постапки директно го загрозува јавното здравје

0
611
Полна му беше устата на Христијан Мицкоски со наводна грижа за здравјето на граѓаните, а се што прави е на штета на нивното здравје.
Малку му беше што одеше по теретани и кафеани, кога тоа беше забрането, сега организира партиски собири спротивно на сите Протоколи за заштита на здравјето и со тоа директно придонесува за ширење на коронавирусот.
Не само што, во овој исклучително тежок период, не помогнаа, туку со своите постапки и однесување директно го загрозија здравјето на десетици граѓани.
Не се грижат ниту за здравствените работници, кои се првата борбена линија и кои постојано апелираат да нема групирање и да се носи заштита, за да им се олесни работата.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето на граѓаните. Тие се најголеми непочитувачи на мерките и препораките а нивниот Наќе Чулев намерно го саботира системот одвнатре.
На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се грижат само за сопствените привилегии и интереси, на штета на граѓаните.
Социјал демократскиот сојуз на Македонија апелира до граѓаните, да ги почитуваат мерките и препораките и да не го следат лошиот пример на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Токму заради ваквото незрело, неодговорно и несериозно однесување, на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети од страна на граѓаните .
СДСМ била и останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и покажува вистинска грижа за заштита на нивното здравје.
СДСМ е заедно со граѓаните во борбата со сите предизвици.