Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

СДСМ : ПЛАТИТЕ СТАГНИРААТ, ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ РАСТАТ – ДПМНЕ ГИ ОСИРОМАШУВА ГРАЃАНИТЕ

Платите стагнираат, трошоците за живот растат – ДПМНЕ ги осиромашува граѓаните
Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат она што секојдневно граѓаните го чувствуваат – поголеми цени, поголеми трошоци за живот и економската несигурност.

Инфлацијата расте и го јаде стандардот на работниците, на граѓаните а платите стагнираат.

Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, сновните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%.
Илјадници семејства се приморани да живеат со плати кои едноставно не се доволни ниту за основните трошоци.

Додека граѓаните го чувствуваат овој економски удар, Владата на ДПМНЕ останува нем сведок и директен соучесник во осиромашувањето на народот.

Лажните „новогодишни кошнички“ кои требаше да донесат олеснување, завршија како фарса, големите трговци го зголемија богатството на сметка на народот.

Наместо да обезбеди поддршка за граѓаните и работниците, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги остава граѓаните сами.

За период од 7 години СДСМ ја зголеми минималната плата од 8 илјади на над 20 илјади денари а просечната плата од 22 илјади на над 42 илјади денари.

Нашите мерки беа насочени кон граѓаните, додека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се целосно насочени кон богатење на елитата.

Слушаме денеска како министрите и функционерите во Владата на Мицкоски со најголеми плати во државата велат дека работниците премногу бараат, многу било зголемување на платите.

СДСМ бара ДПМНЕ веднаш да ги промени овие погрешни економски политики и да обезбеди зголемување на минималната плата на 500 евра, зголемување на платите во сите сектори и укинување на ДДВ за храната.

Граѓаните заслужуваат власт која ќе го слуша нивниот глас, која ќе се грижи за нивните потреби и која ќе ги штити нивните интереси.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ