СДСМ ОТКРИ ШОКАНТНА БОМБА: Криминалното ВМРО-ДПМНЕ потпишалo Договор за изградба на нов Клинички центар без добиено одобрение за градба, а денес глуми загриженост?!

0
1126

Наспроти лагите на ВМРО-ДПМНЕ, факт е дека за првпат во Македонија се спроведува проект за изградба на Клинички центар кадешто ќе бидат опфатени сите оддели, односно изградба на Клинички центар кој ќе биде пример во регионот според условите за работа и каде ќе се нуди врвна услуга со најсовремена опрема.

Таков проект досега не само што немало за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како што лажно претставува опозициската партија, туку напротив, се правеле единствено обиди за градење некаков квази проект на Клинички центар.

Договорот за изградба на Клинички центар што бил потпишан во времето на ВМРО ДПМНЕ немал одобрение за градба од страна на Министерство за транспорт и врски. Иако за проектот биле исплатени околу 1,5 милиони евра, тој бил одбиен од Министерството за транспорт и врски.

Се поставува прашање како е склучен Договор за градба, ако немало одобрение за градба? За каков дилетантизам тука станува збор, кога се склучува Договор кој никогаш не може да биде реализиран?

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека имале решение за целосно нов клинички центар.

Вистина е дека конкретниот проект не предвидувал целосен Клинички центар, односно предвидувал само дел од одделите да бидат лоцирани во новата зграда, а на пример Хируршкиот центар каде е всушност најголемиот товар на цела инвестиција да остане надвор од новата зграда.

Тоа значи дека не станува збор за целосна инвестиција, туку за делумна реализација на проект кој ќе немал никаков ефект за здравствените работници, па ниту за пациентите.

Со новиот проект во центар на интерес е пациентот и условите за работа на здравствените работници.

Помина времето на делумни решенија. Новото решение за клиничкиот центар трајно ќе ја реши потребата од интегрирани здравствени услуги, ќе ги подобри условите за работа на здравствениот персонал и ќе ги унапреди правата на пациентите.