СДСМ: Освен од криминалци и насилници, Сиљановска е поддржана и од воени злосторници

0
440

Покрај осудени насилници и криминалци во бегство, Гордана Сиљановска е поддржана од осудени воени злосторници како Јохан Тарчуловски. – велат од СДСМ.

Сиљановска не само што не го осудува насилство, туку е гордо поддржана од насилници, криминалци и воени злосторници.

Исто како и Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска е на браникот на насилството, криминалот и злосторствата.

Секој даден глас за Гордана Сиљановска на 5-ти мај е глас е поддршка на злосторот и насилството .

Гласот за Сиљановска е глас за враќање во темното минато на поделби, конфликти, неправда.

Граѓаните нема да го дозволат тоа, нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, да се вратат неправдите и поделбите. – порачуваат од СДСМ.

На 5 –ти Мај ќе го дадат својот глас за вистинскиот претседател, кој обединува, а не дели.

Ќе го дадат својот глас за Стево Пендаровски, затоа што тоа е глас за безбедност и сигурност и глас за градење на напредна држава, европска Македонија.