СДСМ-ОВЕЦ ОТИШОЛ ДА СЕ ПОТПИШЕ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ПРОТИВ БЕГАЛЦИТЕ, ЕВЕ КАКО ПОМИНАЛ!

0
5357

Мечка страв, мене не страв. Отидов да се потпишам на иницијативата за ненаселување бегалци во Аеродром.
Отприлика вака изгледаше тоа.
– Добар ден.
– Добар ден.
– Овде може да се потпишам против бегалците?
– Да овде.
– Ова е на ВМРО иницијатива или?
– Не, не, граѓанска е.
– Ајде бе не ме зезај, наши сме си, и јас сум вмровец, му велам.
– ОК бе, од месен сме. Налог од централа.
– А против кои бегалци сега се потпишуваме?
– Па од Блиски исток.
– Дојдени се веќе или треба да дојдат?
– Не се дојдени уште.
– А кога ќе дојдат, има некаква најава?
– Ти дојде да се потпишеш или да ме заебаваш?
– Добро бе, да си прашам за што се потпишувам.
– Ако си од месен ти кажале што треба да направиш.
– А ако не сум?
– Зоки, ај дојди види што е со господинов.
– Добар ден, јас сум Зоран, претседател на месен. Повелете што треба.
– Дојдов да се потпишам, ама сакав да се информирам прво.
– Што ве интересира?
– Кога ќе дојдат бегалците?
– А што, тебе ти се брза нешто?
– Не, а вас ви се брза?
– Нас ни стигна налог од централа. Уште нешто?
– Може да се потпишам сега?
– Не може.
– Зошто?
– Зашто многу прашуваш.
– ОК, пријатно.
– Пријатно.

Фејсбук статус на Александар Левески