СДСМ: Нотарот Милошоски на кого што зборува, граѓаните избраа промени и нова Влада!

0
938

Над 612.000 граѓани избраа промени на парламентарните избори. Мнозинството граѓани порачаа дека сакаат живот и Влада што ќе се грижи за нивните потреби.

Граѓаните знаат дека досегашната 10-годишна власт ги остави без патишта, водоводи, канализации, струја. Последица од тие штетни политики се заглавените семејства по завеани патишта, села и градови и големиот ризик Македонија да остане и без струја на големиот студ од минус 20 степени во земјава.

И сега што зборува Антонио Милошоски кој беше дел од таа неодговорна власт? И од која позиција зборува Милошоски кој го остави Никола Груевски и стана нотар.

Граѓаните кажаа дека заврши времето за несериозни политичари како обвинетиот Никола Груевски и соработникот Антонио Милиошоски кој по лична потреба е политичар, а по потреба нотар.

Ете затоа е неопходна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.