
Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР, пет убиства останаа неразрешени и ова ги охрабрува пиштолџиите и бандитите.
ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски покажуваат неспособност и некадарност. Се поставува прашањето дали воопшто сакаат да го сопрат овој тренд во кој картелите ги владеат улиците а граѓаните живеат во страв.