СДСМ – Николовски : Скандалот со прислушувањето го притисна Груевски

0
1364

Требаше да пукне скандалот со прислушувањето и да се слушне разговорот меѓу Ставрески и Јанкулоска, за Никола Груевски да одлучи да решава работни статуси на граѓани кои ги залажувала неговата власт.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=tXqpldzjuhM&feature=youtu.be[/youtube]

Откако целата јавност лично од овие блиски луѓе до Груевски дозна дека течеле само вработувања од нивниот шеф и поплаки дека не се реализирале ургенции од министри, бомбата од прислушувањето експресно обезбеди вработувања на лица со кои се манипулирало со години.

Шокантната вест дека Груевски и Мијалков прислушувале 20.000 луѓе, засега експресно реши вработувања на 1000 граѓани.

Скандалот со прислушувањето барем го прекина поигрувањето на власта со 1000 луѓе.

Во интерес на јавноста укажуваме дека овие вработувања ќе се реализираат без конкурс, затоа што се однесуваат на веќе ангажирани лица од оваа власт со разни договори на дело или волонтери.

Бидејќи вработувањата ќе се реализираат пред да стапат на сила новите закони за администрација, тоа значи дека за нив нема да важат строгите критериуми што овие закони ги бараат, вклучувајќи и скапи дипломи за англиски јазик и слично.

Овој потег на Никола Груевски е класична корупција.

Ако навистина се потребни вакви вработувања во државната и јавна администрација зошто не се трансформира  веднаш работниот однос на  сите категории на лица ангажирани по разни основи, туку се најавуваат етапи?

Најавените етапи оставаат впечаток дека се држат на стенд бај, оние кои со уцена гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски под притисок на најавените докази за начинот на неговото незаконско и криминално владеење, ги замрзна казните за екстерното на наставниците, го одложи екстерното на студентите, се предомисли за касапењето на хонорарите, сега ќе превработува на грбот на граѓаните.

Затоа што му гори под нозете. Му требаат граѓаните со коишто си поигруваше.

Љупчо Николовски, член на Извршен Одбор