СДСМ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОСИЛЕН, ВМРО НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОСЛАБО: Се срушија сите лаги и клевети на хистеричниот Мицкоски, македонскиот народ одамна го прочита и му сврте грб

0
407

Соопштение за јавност

Паднаа во вода сите лаги, клевети, лажни вести на Христијан Мицкоски, а на површина повторно исплива антидржавното и антиевропско лице на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто како и за членството во НАТО, и овој пат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се позиционираа на спротивната страна од интересот на граѓаните, од интересот на државата.

Јавноста памети како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ колку што се проближувавме до НАТО, толку поинтензивно ширеа поделби, лажни вести, лаги и говор на омраза.

Хистеричниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори, единствените кои најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласија за лага.

Мицкоски не смогна сили ниту да честита, ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја-членка на НАТО.

Денеска јавноста сведочи на уште еден пораз за лагите Мицкоски, се лагите дека наводно се распродавал македонскиот идентитет. Не само што не се распродава како што клеветеше Мицкоски туку македонскиот иденитет е заштитетен.

Мицкоски тоне во сопствената хистерија затоа што народот одамна му сврте грб и го остави во опзоиција..

Знаат граѓаните која е реалноста. Македонци кои зборуваат македонски јазик. Свои на своето.

Граѓаните знаат дека станавме земја-членка на НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ќе станеме членка и на ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Колку и тоа да не му се допаѓа на хистеричниот Мицкоски.