СДСМ: На Груевски сите му се виновни за изборниот дебакл

0
441

Во очај од изборниот резултат, ВМРО-ДПМНЕ преку своите медиуми злоупотребува текст и фалсификува наслов на еден од најрелевантните светски медиуми како што е „Вашингтон Пост“.timthumb

Точниот  наслов на текстот гласи: „Македонски политичар: Странци се мешаат во изборниот процес“. Во оригиналниот  наслов и во текстот на „Вашингтон пост“ јасно се препознава намерата на Груевски за поразот на изборите да ја обвини и меѓународната заедница.

Ниту една лага веќе не може да го спаси Груевски. Заврши неговото во политиката.
ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција. Граѓаните ставија крај на режимот.

Македонија ќе добие влада во служба на граѓаните, за единствена, слободна и европска Македонија.