СДСМ : НАСИЛСТВОТО НА АНТИЕВРОПСКАТА КОАЛИЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА ЈА ПОКАЖУВА НИВНАТА ВИСТИНСКА ЦЕЛ

0
654
Вечерва граѓаните беа сведоци на нови инциденти и насилство на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската инсталација Русија пред Собранието.

Повторно бевме сведоци како насилници со качулки ги нападнаа полицајците, фрлаа запаливи течности, ги каменуваа припадниците на македонската полиција и се обидоа насила да влезат во Собранието.  Вакви слични сцени гледавме на црниот 27 ми април и знаеме што тоа значи.

Првичните информации се дека има и повредени неколку припадници на полицијата.

СДСМ најостро го осудува насилството, овој насилен начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица го покажува нивното вистинско деструктивно и насилно лице.

Протестот е загарантирано право но насилството е кривично дело и одговорност за ова мора да понесат сите инволвирани.

ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица сакаат да ја дестабилизираат државата, да и наштетат и со тоа да одработат на центри на моќ кои не и мислат добро на нашата земја и на нашиот народ и не сакаат земјата да биде дел од Европската уника.

СДСМ, институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволиме насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози државата.

Нека не се обидуваат да го повторат упадот од 27 април. Тоа нема да го дозволиме.