Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

СДСМ : НАМЕСТО НЕЕФИКАСНИ МЕРКИ СО КОШНИЧКИ, ВМРО-ДПМНЕ ДА ГИ ПРИФАТИ ДОКАЖАНИТЕ МЕРКИ НА СДСМ ЗА ЦЕНИТЕ

Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, предлог што го достави СДСМ.

Со укинување на ДДВ на храната реално и вистински ќе се намалат цените на повеќе од 250 категории на производи, а домаќинствата ќе можат да заштедат и до 2.000 денари месечно.
Мерките на Владата, како што е замрзнувањето на маржите кои беа дел од т.н. есенска кошничка, се покажаа како неефикасни и немаа никакво влијание врз намалување на цените.
Доказ за тоа се цените во маркетите каде што се гледа дека нема никакво намалување, но и официјалните податоци на Државниот завод за статистика, кои покажaa дека цените на мало во октомври кога се спроведуваше мерката се намалиле за само 0,1%.
Трошоците за живот продолжуваат да растат, синдикалната кошничка во ноември оваа година е зголемена за нови 772 денари во споредба со октомври. Граѓаните секојдневно се борат да врзат крај со крај а власта на Мицкоски и ДПМНЕ со погрешните економски мерки и политики не им помага туку им одмага.
Наместо нови мерки кои нема да дадат резултат владата треба да го прифати нашиот предлог за укинување на ДДВ на храната – мерка која директно ќе помогне во намалување на трошоците за живот и ќе даде вистинска поддршка на животниот стандард на граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ