СДСМ : НАМЕСТО ЗА ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ И МЕГАФОНИ ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ 100.000 ЕВРА ДА ГИ НАСОЧИ ЗА ОПШТИНАТА И ГРАЃАНИТЕ

0
536
Во време на криза, кога се жали дека општината нема пари за струја и парно, градоначалникот на Кисела Вода ќе потроши 100.000 евра на авторски договори за ангажирање на блиски лица, членови на ВМРО-ДПМНЕ и медиумски гласници на партијата.
100.000 евра за општина како Кисела Вода се сериозна сума на пари со кои може да им се  помогне на граѓаните, сега кога е најпотребно во време на огромна криза.
Градоначалникот Ѓорѓиевски да ги пренамени овие пари и наместо за партиски војници и мегафони 100.000 евра да ги насочи за општината и граѓаните.
Наместо за непродуктивни трошења и партизација на општината, парите да завршат назад кај граѓаните.