Tuesday, April 22, 2025
23.8 C
Skopje

СДСМ: Над 600.000 граѓани се изјаснија дека повеќе нема место во политиката за ликови како Никола Груевски

На изборите на 11 декември граѓаните изгласаа промени, стои во реакцијата од СДСМ на прес-конференцијата на Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните гласаа за добар живот, повисоки плати, силни домашни фирми, парите да се вратат кај граѓаните, инстутуциите да работат во служба на граѓаните и за правда за сите.

Над 600.000 граѓани се изјаснија дека повеќе нема место во политиката за ликови како Никола Груевски, нема криминали, нема крадења избори како што тоа го правеле од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што го носат промените го избезумува Никола Груевски.

Затоа те тој се заканува, те го праќа Тодоров да плаче“, соопшти СДСМ.

Од партијата додаваат дека Република Македонија ќе добие влада на своите граѓани. „Демократските процеси се почнати и назад нема, тоа го знае и Груевски. ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. Доаѓа живот“, пишува во партиското соопштение.

ОВАА НЕДЕЛА

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ ГО ПАМЕТАМ ПО ИСКЛУЧИТЕЛНИОТ УМ, МУДРОСТ, ТОПЛИНА И ЕДНОСТАВНОСТ

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, изрази сочувство за смртта на...

ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ВОЛКОВО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ СТОИ РАСКОПАНА – ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ ДА СЕ АСФАЛТИРА

Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста...

НАЦИСТИЧКИ ЗНАМИЊА СО КУКАСТИ КРСТОВИ ОСАМНАА ВО ШВЕДСКА НА РОДЕНДЕНОТ НА ХИТЛЕР

Новинските агенции јавуваат дека три нацистички знамиња со кукасти...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ