СДСМ : МИЦКОСКИ Е ИСТ КАКО ГРУЕВСКИ, ЗЛОУПОТРЕБЕНИ ДЕЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

0
161
Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски.
За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат.
На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.