СДСМ : МИЦКОСКИ ДА КАЖЕ КАДЕ ЗАВРШИЛЕ УКРАДЕНИТЕ ПАРИ ОД МАЛВЕРЗАЦИИТЕ СО НИВИ ВО ДЕЛЧЕВО

0
815

Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот шеф и ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги прикривал трагите за испумпување на пари од ВМРО-ДПМНЕ? – прашаа од СДСМ.

Наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста, Христијан Мицкоски да излезе и да одговори пред граѓаните каде завршиле украдените пари од сметката на ЕВН Електрани и дали завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, прашаа денеска од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Како што е веќе познато, дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Мицкоски како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори дали осомничените работеле по негови инструкции, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи? Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот шеф и ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги прикривал трагите за испумпување на пари од ВМРО-ДПМНЕ? Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори“, се вели во партиското соопштение.