СДСМ : МИЛИТАРИСТИЧКИТЕ ИЗЈАВИ НА МИЦКОСКИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА Е ЗАЛОЖНИК НА АПАСИЕВ

0
303

Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица, кои се испречуваат на европскиот пат на државата и се натпреваруваат со нив во штетното политичко делување.
И милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО – ДПМНЕ, и тоа во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев.

Концептот на Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во изолација од европските текови, назад во минатото.СДСМ од друга страна е преводник на концептот за европска Македонија и придвижување на нашата држава во семејството на европските држави, бидејќи нашите граѓани, сегашни, идни генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа дома во нашата држава, а не во туѓина.