Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

СДСМ: Луѓето не можат ни до социјална помош ни до институциите

Carovska-685x320

Претставници на Комисијата за труд и социјална политика, во рамки на своите редовни активности низ земјава, периодов се во посета на Гостивар, Тетово, Маврово и Ростуше, Дебар, Центар Жупа.

Власта вештачки го намалува бројот на приматели на социјална парична помош е еден од клучните проблеми што го посочуваат луѓето, кои едвај преживуваат поради егзистенцијалните порблеми со коишто се соочуваат.

Се посочува и на нефункционалност на институциите задолжени за решавање на социјалните прашања како и на недостиг од соодвенто обучен стручен кадар.

Во Дебар, граѓаните велат дека Дневниот центар за грижа на лица со посебни потреби е затворен поради финансиски проблеми за коишто ниту општината, ниту министерството за труд и социјална политика не покажале интерес да се решат. Децата со посебни потреби остануваат без соодветен стручен надзор во образовниот процес, затоа што на ниво на општината, во училиштата, нема ниту еден вработен дефектолог, зборуваа други граѓани со кои се сретнаа претставниците на Комисијата.

Во Гостивар, нема можност деца без родители да бидат вдомени во згрижувачки семејства.

Во Тетово граѓаните се жалат на Центарот за социјална работа, којшто, како што велат, не води грижа за бездомниците, кои со години живеат во рушевини.

Граѓаните од Маврово и Ростуше бараат веднаш да се изградат подрачни единици на Центарот за социјална работа и Центарот за вработување, затоа што тие патуваат по 60 км кога имаат потреба да завршат административни работи во вакви центри.

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Мила Царовска и претставниците на Комисијата разговараа со граѓаните за начините и можностите за решавање на постоечките проблеми и беа запознаени со дел од решенијата предвидени во социјалните политики на СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ