СДСМ: Лажниот патриот Груевски го крие својот страв зад исмилени приказни

0
677

„Креаторите на државната, политичка и економска криза во Македонија, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, се лажни патриоти кои освен за своето богатење 10 години не мислеа на ништо друго.

Криминални избори, непочитување на слободната волја на граѓаните, брутална злоупотреба на власта и невиден грабеж на парите на граѓаните.

Поради ваквите криминални политики Македонија е економски и финансиски уништена, со нарушен меѓународен углед.

Во обид да ја спаси сопствената кожа Никола Груевски дополнително ја продлабочи кризата со нарачаната, срамна аболиција од Ѓорге Иванов.

Затоа Никола Груевски се крие позади лажниот патриотизам, измислува непријатели онаму каде што ги нема, блокирајќи ги ЕУ интеграциите, рушејќи ги односите со меѓународната заедница.

Никола Груевски не може да ги лаже граѓаните измислувајќи некакви сценарија,  што постојат само во неговата глава.

Стравот од соочување со одговорноста за криминалот Никола Груевски сака да го прикрие со фобични нарачки на медиумските курири за измислување прикаски за федерализации.

Никола Груевски одамна не може да ги лаже граѓаните. Има безброј примери за лажниот патриотизам на Никола Груевски на штета на граѓаните и на Република Македонија.

Се стана јасно 16-ти мај 2015 година преку Вистината за Македонија.

Јавноста виде и слушна дека лажниот патриот Никола Груевски, со братучедот Сашо Мијалков и нивниот бизнис партнер Манолис од Грција, задкулисно се пазареле со уставното име на Македонија а разговарале и за идентитетските прашања.

Вистината за Македонија покажа дека Законот за бранители не е донесен затоа што е директна жртва на партискиот пазар на ВМРО-ДПМНЕ со својот коалициски партнер.

Случувањата во Диво Насеље во Куманово и информациите во медиумите за директна вмешаност на високи финкционери на власта е уште една потврда за лажниот патриотизам на штета на Република Македонија.

Документ од Владата на РМ потврди дека токму Никола Груевски, зад грбот на граѓаните, се согласил за ревизија на Рамковниот договор и планираната Конференција на оваа тема.

Затоа не поминуваат провидни и измислени сценарија.

Граѓаните се обединети во борбата против корупцијата, криминалот, обединети се во желбата за промени, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија.

По демократските промени СДСМ ќе го врати уставниот поредок во Македонија, слободата и демократијата. СДСМ, заедно со граѓаните ќе обезбеди сигурна и подобра иднина за сите.

Граѓаните знаат, СДСМ гради единствена Македонија, едно општество за сите граѓани.

Доколку не се извинат и не ги повлечат иснесените лаги, против Република и останатите медиумски курири коишто го пренесоа овој текст, ќе биде поднесена соодветна тужба за клевета и навреда“, велат од СДСМ.