СДСМ: „Курир“ јалово се обидува да го покрие нефункционирањето на институциите

0
653

Партиското гласило на ВМРО-ДПМНЕ, „Курир“, два дена јалово се обидува да го прикрие нефункционирањето на институциите, неспособноста на власта и парадерското шоу на Никола Груевски во поплавените подрачја,реагира СДСМ.

„Се покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски најважен е политичкиот маркетинг, а не решавањето на бројните проблеми на граѓаните.

Со ваквиот начин на однесување на „Курир“ во ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека нема искрена загриженост за катастрофата и трагедијата што ги зафати граѓаните.

За оваа катастрофа што ги зафати граѓаните на Скопје мора да има политичка и кривична одговорност.

Активистите и волонтерите на СДСМ, заедно со сите добронамерни граѓани без разлика на партиска или етничка припадност, ќе продолжат да им помагаат на граѓаните од погодените подрачја.

А вистинското обесштетување на граѓаните ќе се случи веднаш по демократските промени, во декември, оваа година“, вели СДСМ.