СДСМ: Куририте молчат за оние од ВМРО-ДПМНЕ коишто биле дел од СОРОС, како Илија Димовски, Ѓорге Иванов, Антонио Милошоски, Ратко Димитровски и многу други

0
552

Медиумските хајки против граѓаните што протестираат се параван за прикривање на криминалот на Груевски. За да ги прикријат криминалните активности на Никола Груевски, медиумските курири водат хајки против борците за демократија, невладините организации и граѓаните што секојдневно протестираат, велат социјалдемократите.

„Ама затоа молчат за оние од ВМРО-ДПМНЕ коишто биле дел од СОРОС како Илија Димовски, Ѓорге Иванов, Антонио Милошоски, Ратко Димитровски и многу други. Граѓаните знаат дека: Ѓорге Иванов бил член на Управниот одбор на фондацијата ФООМ на СОРОС од мaј 2002 до октомври 2004 година. Илија Димовски бил член на пододборот за доделување грантови за младински програми во ФООМ. Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, бил корисник на еднократни стипендии за студиски престој во странство овозможено од ФООМ. Ратко Димитровски – градоначалник на Кочани, сопственик на печатница „Европа 92“ која добила 80.000 долари од ФООМ. Паско Кузман бил член на Управен Одбор на ФООМ. Јован Донев – сегашен амбасадор на Македонија во Лондон бил претседател на Управен Одбор на ФООМ од 1996 до 2002 година, а потоа и извршен директор на Институтот Евробалкан, каде еден од основачите била и соросовата Фондација. Тони Михајловски – член на ГДОМ, бил корисник на еднократни стипендии за студиски престој во странство овозможено од ФООМ. Лажниот патриотизам на Груевски, секојдневните спинови и замајување на јавноста од страна на медиумските курири се параван за прикривање на неговите криминални активности.Едно треба да биде јасно. Ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност. Најмалку лагите и медиумските хајки што ги водат куририте против борците за демократија, невладините организации и граѓаните. Правдата ќе се врати, Груевски и криминалната банда ќе одговараат“, вели СДСМ.