СДСМ: Катица Јанева ниту била, ниту е член на СДСМ

0
1234

„Катица Јанева ниту била, ниту е член на СДСМ. Центарот за лаги и манипулации на Груевски се обидува да го теши чпенството кое се повеќе е нервозно и ја изуби довербата во фамилијата. За сите злодела, криминалнците од власта ќе одговораат“, стои во денешното соопштението од СДСМ.

Од СДСМ реагираа на објавата на „Дневник“ и објаснија дека партиската книшка на Јанева е смешен фалсификат.

„Очигледно е дека книшката е направена со фотомонтажа на кој се ставените датумот на раѓање на Јанева како и потписот на Бранко Црвенковски кој може да се пронајде на многу документи. Во 2004 година кога наводно е извадена партиската книшка, била обвинител и според законот не можела ниту да извади партиска книшка ниту пак да стане партиски член“, објаснуваат од СДСМ.